Длабоко во шумите на Амазон, истражувачи од Одделот за молекуларна биофизика и биохемија при Универзитетот во Јејл – САД, открија вид на габа која има способност на природен начин да го разгради и консумира полиуретанот. Оваа габа ,,јадач,, на пластика се смета за исклучително важно откритие, среде нашата планета преплавена од пластичен отпад. Податоците за жал, се поразителни. Денешнава цивилизација зависна од пластиката , на годишно ниво произведува околу 251 милиони тони пластичен отпад.
Пронајдокот е дел од годишното истражување на група студенти во Еквадор со професорот Скот Стробел. Целта била испитување на примероци од неколку видови габи за утврдување на нивната способност за разградување на синтетички Полимер Полиестер Полиуретан (ПУР). Истражувањето е објавено и на страницата на Американското здружение на Микробилози ( Applied and Environmental Microbiology ), каде се наведува дека се пронајдени неколку видови на организми со способност за ефикасно разградување на ПУР подеднакво во цврста и течна форма. Особено е посочен видот габа Pestalotiopsis. Интересно за овој примерок на габа е што покрај способноста ефикасно да ја ,,јаде,, пластиката , може да се развива и преживее во анаеробна (без воздушна) средина, како на пример среде депонија. Истражувачите се согласни – овој природен и незагадувачки процес на разградување на токсичен отпад e моќно орудие на природата, против пластиката во која како цивилизација, се повеќе се затрупуваме. Процесот на разградување на пластичните состојки на габата Pestalotiopsis можете да гo погледнете и низ претставениот дијаграм подолу.
А, дека целиот процес на истражување оди и чекор понатаму докажува и овој експеримент на Австриски дизајнер во соработка со луѓе од универзитетот во Утрехт, Германија. Резултатот?
Габи кои јадат пластика а кои потоа можете да ги јадете и вие!
Звучи невообичаено, но може да биде предизвик за секој гастроном и љубител на новите вкусови.
Како изгледа овој процес, погледнете од линкот во продолжение.
http://www.wired.com/2014/12/mini-farm-produces-food-plastic-eating-mushrooms/#slide-2
ЛИНК КОН ОВАА СТАТИЈА:
http://timewheel.net/Tome-Research-Team-Finds-Plastic-Eating-Mushroom-Species-In-Amazon
Александар Ивановски