Од 4 – 6 ноември во официјална посета на Република Македонија се двајца европратеници од групата на Европските Зелени: Ребека Хармс, од Германија, координаторка на Групата на зелените во Европскиот парламент и Игор Шолтес од Словенија.
Ова е дел од програмата на Европските Зелени за подршка на зелените партии од Балканот, а домаќин во Македонија е партијата ДОМ.Во рамките на тридневната посета европратениците ќе се инфомрираат за бегалската криза, ромската заедница и за напредокот на Македонија и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ.
Во рамките на Програмата што ДОМ ја изготви за нивната посета предвидени се средби со повеќе институции и невладини организации.
4 ноември (среда) 2015 година
- 15:30 Состанок со еколошки невладини организации (х. The Best Western )
- Еколошки приоритети на Македонија
- 17:30 Состанок со Извршниот одбор на ДОМ (канцеларијата на ДОМ)
__________________________________________________________________
5 ноември (четврток) 2015 година
- 09:45 Состанок со Неждет Мустафа, Министер без ресор, Национален координатор на ДЕКАДА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОМИТЕ 2005 – 2015 и СТРАТЕГИЈА ЗА РОМИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
- Тема: ромските прашања
- 11:00 Седница на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија со почеток од 11,00 часот, во Сала Борис Трајковски во зградата на Собранието на Република Македонија ќе одржи
- јавна расправа на тема: Република Македонија на патот кон евроинтеграцијата?
- 12:30 Прес конференција (во прес центарот на Собранието на Република Македонија)
- Ребека Хармс, Игор Шолтес, Лилјана Поповска
- 16:00 Средба со Анастасија Илиеска, државен секретар во Министерството за внатрешни работи на РМ
- Тема: бегалската криза
__________________________________________________________________
6 ноември (петок) 2015 година
- o 09:10 Средба со Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир
- o 10:00 Средба со Елвис Бајрам, градоначалник на општината Шуто Оризари
- o 10:30 Посета на средното училиште во Шуто Оризари „Шаип Јусуф“
- o 11:00 Посета на ТВ БТР
- o 12:00 Средба со Никола Попоски, Министер за надворешни работи
- Тема: Напредокот на Македонија и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ