Пратениците и од власта и од опозицијата, попладнево, пред почетокот на расправата за измените на Законот за буџетите во РМ, поднесен од СДСМ, го осудија секој обид за дискредитација на жените од јавниот и политичкиот живот. Најпрво, Лилјана Поповска од ДОМ, од името на жените-пратенички ја прочита заедничката писмена реакција:
– Сите пратенички, независно од политичката партија, сме згрозени од жестоките недолични напади врз нашата колешка Силвана Бонева во медиумите. Ова е еден од низата случаи кога жените се цел на лаги и клевети врз нивниот морал и честа. Најавуваме дека жестоко ќе реагираме на кој било сличен напад во иднина, јавно, до Советот за радиодфузија, а ако треба и по судски пат, истакна Поповска.
Со почит,
Сектор за односи со јавноста