Скопје, 8 октомври, претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, во Собранието на РМ оствари средба со претсавниците на граѓанското општество чиј фокус се „зелени прашања“.
Централна тема на разговорот беше прашањето околу потребата од формирање Фонд за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Присутните се согласија дека истиот би можел да претставува ефикасна алатка која ќе го поттикне темпото на проекти и инвестиции со кои ќе се унапреди енергетската ефикасност, а со тоа ќе се даде придонес и кон ублажувањето на последиците од климатските промени.
Дополнително, беа презентирани и неколку податоци околу смртността предизвикана од загадувањто на воздухот, како и можностите за намалување на штетните честички во воздухот.
На средбата беше договорено, претставниците да испратат писмо со барање за одржување на дискусија во рамки на Комисијата за економски прашања на која освен постојните членови на Комисијата, би присуствувале и експерти, претставници на граѓанското општество и други заинтересирани пратеници кои активно работат на полето на модалитетите за тоа како би бил поставен идниот Фонд за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Целта е да се поттикне јавната расправа и да се презентираат суштински идеи и потребата од него.
Со почит,
Сектор за односи со јавноста