ДОМ го честита Илинден

ДОМ им го честита Илинден на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци во светот, со желби за просперитет на државата и благосостојба на граѓаните. Да ги прославиме двата Илиндена, кои доведоа до независна Македонија!

Овој голем празник нека не поттикне да им пријдеме со повеќе разбирање и толеранција на другите околу нас. Да се потсетиме колку генерации дале жртви за остварување на сонот и колку скапо сме ја платиле цената на внатрешните делби.