ДОМ им го честита најголемиот исламски празник, Рамазан Бајрам, на сите граѓани со исламска вероисповед, со желби за многу здравје, среќа, љубов и спокој.
Празничните денови нека не потсетат сите нас на пораките за добрина и солидарност помеѓу луѓето. Нека ни бидат поттик за понатамошно градење на меѓусебното разбирање и толеранција, па врз основа на овие принципи да продолжиме со изградбата на демократско општество и напредок на нашата држава.