Тим на истражувачи, неодамна ги претстави резултатите од Студија поврзана со ефектите на зеленилото поточно дрвјата, врз човековото здравје. Деталите се објавени во стручното списание Scientific Reports.
Резултатите се базираат на претпоставки за менталните и психолошки предности врз луѓето, кое природното опкружување ги создадава во Урбаните градски зони.
Предводени од психологот Омид Кардан од Универзитетот во Чикаго, САД, испитувањата се служат со обемна база на податоци, на зелениот регистер на дрвја во градот Торонто, Канада но, и на неговите граѓани.
Информациите се поделени според видот на дрвјата во јавниот простор, нивниот дијаметар, надополнети со сателитски снимки на дрвја засадени во приватни дворови. Тука се и здравствените билтени од над 30 илјади жители, за нивните срцеви заболувања, лекување од рак, дијабетес, ментални пореметувања и др.
Марк Берман, дел од авторскиот тим истражувачи, потенцира дека највпечатлив ефект во доживувањата и предностите на урбаното зеленило, рангирано според години , образование и социјален статуст на испитаниците пред се, е на дрвјата засадени долж улиците во Градските средини. Интересно е што земајќи го в предвид социјалниот и економски фактор на граѓаните, резултатите не покажуваат никаква разлика . Сите го споделуваат истиот заклучок, дека само 10 дрвја повеќе во еден градски блок, значително ја зголемува заштитата на нивното здравје.
Студијата е важна заради обемноста и деталите кои ги разработува, но научниците се сложни оти немаат дефинитивен одговор за ,,механизмот,, со кој дрвјата го подобруваат човековото здраје. Според Др. Берман , една од очигледните придобивки е фактот што дрвјата се познати ,,чистачи,, во урбаните средини . Ја имаат моќта да го ,,филтрираат,, воздухот од штетни честички и разни загадувачи, со што се важен чинител во заштита на здравјето на луѓето .
Интересен позитивен аспект на кој се задржуваат испитувачите, се и психолошките предности кои се создаваат кога луѓето се опкружени со зеленило.
Студијата нагласува и дека резултатите на ова истражување може да се сметаат за селективни во глобални рамки, поради фактот што во Канада постои универзален здравствен систем, достапен на сите.
Но, истражувачите не се срамат да порачаат дека од ова произлегува, едноставен рецепт за секој град. А тоа е, садењето повеќе дрвја! Поточно, десет дрвја повеќе во секоја урбана четврт претставува 4 процентно зголемување во густината на дрвната маса низ улиците на Торонто, што според нив е сосем исплатлив и здрав пристап во подобрување на животот во урбаните средини насекаде низ светот.
Линк кон оригиналниот текст :
Линк кон научната студија :
http://www.nature.com/srep/2015/150709/srep11610/full/srep11610.html
Александар Ивановски