Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, го повлече Законот за амнестија на лица кои дале неточни изјави за годишните приходи во Фондот за здравствено осигурување од собраниска расправа зашто во меѓувреме Владата ја предложи истата содржина во друг закон, еден ден по поднесувањето на овој закон.
Со оглед на тоа што владиниот закон беше во скратена процедура, тој помина пред законот од пратениците Лилјана Поповска, Павле Трајанов, Роза Топузова Каревска, Солза Грчева и Љубица Буралиева, поднесен по иницијатива на Движењето за социјална правда – Ленка. Сходно на тоа, немаше потреба да се повторува дискусија за тема која што е апсолвирана и закон кој беше со консензус донесен во Собранието и со тоа се обештетија 15000 невино осудени невработени лица, а институциите излегоа од правниот галаматијас.
Со почит ,
Сектор за односи со јавност на ДОМ