ПОПОВСКА за една изборна единица, но со еднаков број жени и мажи на отворени листи

Пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, го поддржа Законот за една изборна единица поднесен од Павле Трајанов, зашто тоа е наша повеќегодишна заложба.

Поповска ќе поднесе амандмани на законот, за еднаков број жени и мажи на отворени листи. Сиве овие промени ќе овозможат самостоен настап на партиите во центарот и малцинските партии и формирање постизборни коалиции со подемократски влади без апсолутна доминација на една од најголемите партии.

Убедени сме дека промената на изборниот модел во оваа насока ќе биде трајна инвестиција во стабилноста и граѓанскиот карактер на државата.

Со почит ,

Сектор за односи со јавност на ДОМ