Реакција на ДОМ по повод сечата на тополите кај Сити Мол

ДОМ искажува незадоволсто и бара објаснување од ЈП Паркови и зеленило и од Град Скопје за сечата на тополите спроти Трговскиот Центар City Mall, во општина Карпош, со што се предизвика  деградација на  урбаната животна средина на овој простор. Овие тополи, беа во одлична состојба и нема никакво оправдување постапката која беше спроведена денеска.

Итно бараме:

  • На истиот простор да се засадат нови големи садници, со што би се намалила нанесената штета и повторно би се облагородил просторот.
  • Да се отстрани привремениот објект кој се наоѓа на локацијата, заради кој тополите се исечени по, наводно, нанесена штета врз објектот.
  • Да се донесе веќе одамна подготвениот Закон за урбано зеленило од ДОМ, Градот Скопје и др. институции.

Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ