- Берлин, германската метропола со близу 3.5 милиони жители, покрај многуте културно историски обележја за Германците е синоним Зелена Градина.
- Една прошетка низ шумските предели на Груневалд или градините на палатата Шарлотенбург се доволни за секој еден човек соочен со стресот од градскиот метеж, да заборави дека се наоѓа среде динамичната метропола.
- Градот располага со над 2500 јавни простори за рекреација. Меѓу највпечатливите се Тиергарден-лоциран во срцето на Берлин, заедно со живописното езеро на кое се наоѓа ресторан со атрактивна тераса која секојдневно привлекува голем број на посетители.
- Градот со своите зелени површини на своите граѓани и посетители им овозможува мноштво активности на отворено како пешачење, возење велосипед или возење со брод или лизгање на замрзнатите езера среде зима .
- Низ градот Берлин течат две реки, Невел и Шпре, но поминуваат и двата главни водни канали, Teltowkanal и Landwehrkanal. Водните површини во градот зафаќаат 6,7 % од неговата територија, 18 % припаѓаат на шумските зелени површини, 11,9% се наменети за рекреативни содржини за граѓаните, а 4% за земјоделски дејности.
Александар Ивановски
Линк кон оригиналниот текст:
http://www.berlin.de/berlin-im-ueberblick/leben/gruenesberlin.en.html