ДОМ го прашува Министерството за правда дали е точно дека затворените и притворените лица во затворот Шутка штрајкуваат со глад поради тоа што условите и храната се недостојни за човек.
За колку лица се работи , дали некој од надлежните ги посетил и што планираат да превземат,ако се точни информациите објавени на некои портали. ДОМ смета дека подобрувањето на условите во затворите е само еден од нужните чекори што му претстојат на Министерството за правда, за да почне судскиот систем да си го враќа кредибилитетот.
Сектор за односи со јавност на ДОМ