ДОМ: Поддршка на референдумот за ГТЦ

ДОМ ги повикува своите членови, симпатизери и сите граѓани на општина Центар да ја исполнат својата граѓанска должност и да излезат на референдумот за зачувување на автентичноста на ГТЦ. ДОМ ја поддржува граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ која се спротиставува на наметнување архитектонски израз кој не е својствен ниту на ова време, ниту на овие простори.

Се придружуваме кон заложбите за зачувување на архитектонската вредност на ГТЦ, кој со својата интегрираност во урбаното ткиво, автентичност и функционалност, претставува дел од нашето културно наследство и како такво треба да се заштити. Референдумот е многу важен демократски институт и ниеден граѓанин не би требало да ја пропушти можноста да го искаже својот став за тоа како сака да изгледа срцето на неговиот град. Воопшто не е важно како некој гласал на парламентарни или локални избори, зашто на референдумот не се гласа политички, туку граѓански, како поединец со свој став и вкус. 

Сектор за односи со јавност на ДОМ