Демократската обнова на Македонија денеска (07.02.2015) ја предаде собраната хуманитарна помош која се состои од поголемо количество на вода за пиење и хигиенски средства. Помошта беше предадена во Црвениот крст на град Скопје, во Момин поток.
ДОМ ја поздравува хуманоста на граѓаните и повикува да продолжат со донации на телефонските броеви посочени од Црвениот крст на Република Македонија.
Сектор за односи со јавност на ДОМ