Одзивајќи се на апелот на Црвениот крст на Република Македонија, ДОМ денеска ја почнува акцијата за прибирање хуманитарна помош за поплавените подрачја во јужниот и југоисточниот дел од земјава, Могила, пелагонискиот регион, Штип, Чешиново-Облешево и Струмица.
Хуманитарната помош ќе се состои од флаширана вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција. Граѓаните и симпатизерите на ДОМ кои ќе сакаат да донираат помош во овие средства од своја страна, истата ќе може да ја донесат во централната канцеларија на ДОМ, на ул. Никола Вапцаров, бр.18, спроти поранешниот Мекдоналдс.
Со оглед на ургентноста на ситуацијата, акцијата на ДОМ ќе трае денес и утре.