Поповска гласаше против Законот за високо образование во II читање

Пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, гласаше против Законот за високо образование во II читање поради три според неа сериозни причини:

  1. Содржината на Законот ќе ја искомплицира дополнително состојбата во високото образование и жали што не и беше прифатен ниту 1 од 22 амандмана кои се однесуваа на важни прашања како државен испит за студентите, исти услови за научни трудови од хуманистичките и општествените науки како со оние од природните науки, како и ангажирање странски државјани за ректори, декани и членови на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.
  2. Ставот на ДОМ изграден со Комисиите за наука, образование и МОДОМ кој е доследен во сите 9 години постоење и изразен преку кампањи за повеќе средства во науката, достоинствен третман на професорите и студентите и формирање Министерство за високо образование и наука. Сево ова покажува дека ставот на ДОМ е конзистентен и не е плод на моментална дневно-политичка проценка.
  3. Третата причина е лична затоа што како што кажа Поповска не може да избега од себе си, порасната во средина каде науката била секојдневна тема и каде е втисната почитта кон науката и знаењето.

Сектор за односи со јавност на ДОМ