Поповска го поддржа Законот за видот и висината на казната

Поповска го поддржа Законот за видот и висината на казната за да се овозможи полесен пристап до правдата и поголема доверба во судтвото. Поповска истакна дека предлагањето на овој Закон покажа јасна политичка волја да се постапи сериозно по забелешките на Европската комисија која токму овие елементи ги наведе како голем проблем. Создаден е судски систем кој работи во затворен круг по принцип „не замери се“.

Поповска истакна дека не е доволно само да се сменат казните, туку треба да се почитува целата процедура од сомнение до обвинение, преку судење до казна. Потребна е обука за судии, обвинители и адвокати за правилна примена на новиот Закон за кривична постапка за да не се случува сомнението по автоматизам да помине во обвинение, а притворот да помине во затвор до бесконечност и притоа да не се води сметка дали претпоставките се точни, ниту каков е поранешниот живот на обвинетиот. Како пример за неправда Поповска го посочи случајот Кежаровски каде поголема беше казната на оној кој што информирал, отколку на оној кој го извршил убиството.