Закажан Третиот Конгрес на ДОМ

На денешниот состанок на Централниот Одбор  на  ДОМ  беше донесена одлука за  свикување  на Третиот Конгрес на ДОМ кој ќе се одржи на  21.12.2014 година со 309 Делегати.

На седницата беше избран Љупчо Јаневски како Организационен секретар на ДОМ.

Најмногу внимание членовите на Централниот одбор посветија на сите видови загадувања  низ цела Македонија и се  договорија за продолжување на енергичната борба во соработка со граѓанските иницијативи и реализација на сите пет точки од коалициониот еколошки програмски пакет.