Втора акција на ДОМ за собирање ЕЕ-отпад

Приклучувајќи се на националната акција Македонија без отпад, ДОМ од 26.09 до 3.10 организира втора акција за собирање на електричен и електронски отпад (ЕЕ-отпад).

Акцијата ќе се одвива во 22 општини во Македонија: Аеродром, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров, Бутел, Штип, Кочани, Делчево, Берово, Крива Паланка, Пробиштип, Прилеп, Могила, Битола, Тетово, Гостивар, Куманово и Ранковце.

Граѓаните ќе имаат можност да се ослободат од старите и неупотребливи домашни апарати, бела техника, како и електронски уреди: стари мобилни, телевизори, компјутери, принтери, касетофони, цд плеери итн.

За потребите на акцијата обезбедени се контејнери во соработка со овластениот постапувач за ЕЕ-отпад Нула Отпад кои ќе бидат поставени на видно место во секоја општина. За конкретното место и време на одржување на акцијата во наведениве општини заинтересираните можат да се информираат во централата на ДОМ на тел. 078 404 165 и 076 311 601.

Со почит,

Сектор за односи со јавноста