Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска во Куманово ја посети општинската организација на ДОМ и одблизу се запозна со активностите и реализацијата на акцијата за собирање на ЕЕ-отпад(електричен и електронски отпад) во соработка со единствениот колективен постапувач за ее-отпад „ Нула отпад“ од Скопје.
Општинската организација на ДОМ од Куманово во соработка со општината Куманово и комуналното претпријатие веќе ја одреди локацијата за оваа акција и во понеделник(29.09.2014год) ќе ги постави контејнерите за ее-отпад каде граѓаните на Куманово ќе можат да се приклучат кон акцијата.
Поповска ја искористи можноста да ја посети манифестацијата Денови на медот во центарот на Куманово и за средби со кумановчани.
На средбата со ООДОМ Ранковце се потенцираше можноста за развирање на Еко Туризмот преку проекти за планински велосипедизам,планинарење и локалните специјалитети кои ќе овозможат поголем локален економски развој на оваа општина.




