ДОМ ја поднесе кривичната пријава против Макстил

ДОМ ја поднесе кривичната пријава против Макстил за кривичните дела:

  • Загадување на животната средина и природата (член 218)и
  • Загрозување на животната средина со отпадни материи(член230).

Пријавата се повикува на прекршување на Законот за животна средина (член 138, став (1) за непочитување на рокот 01.04.2014год. за еколошките прилагодувања) и Уставот на РМ (член 43 став 2 кој што гласи ,, секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата ,,).

Во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена и кривична пријава против Југохром во Основно Јавно Обвинителство – Тетово.

Со почит

Сектор за односи со јавноста