Молкот и ингорирањето на менаџерскиот тим од МАКСТИЛ јасно покажува за нивната определба да продолжат со работата и покрај поплаките од целата јавност.
ДОМ бара Инспекторатот за животна средина да изрече ПРЕСТАНОК СО РАБОТЕЊЕ НА МАКСТИЛ ВЕДНАШ! до моментот на исполнување и прилагодување на потребните еколошки норми пропишани со закон.
ДОМ во континуитет официјално бара средба со менаџментот на Макстил – Скопје, за истите да бидат игнорирани веќе две години. Макстил и Југохром се двата големи загадувачи што не прифаќаат еколошки дијалог и единствените што го пробија рокот за прилагодување. И покрај изречените казни од страна на Инспекторатот за животна средина, апелите на граѓаните и невладиниот сектор, Макстил продолжува со загадување профитирајки врз здравјето на сите нас!