ДОМ ја продолжува кампањата против ГМО

ДОМ потсетува дека на наша иницијатива се сторнираше Правилникот за сточна храна и се премина на ревидирање на Законот за ГМО, а општина Могила донесе одлука за прогласување на ГМО слободна општина, со што стана шеста ГМО слободна општина во Република Македонија.

ДОМ и понатаму будно ја следи наездата од ГМО за да си ја обезбедиме државата и да не дозволиме влез на ГМО. Од друга страна, Македонија има одлични услови за здрава органска храна во секој поглед и тоа треба да се искористи.

Затоа ДОМ ги повикува своите членови и сите граѓани да се придружат на утрешниот марш против ГМО и против корпорацијата Монсанто кој е организиран како граѓанска иницијатива. Маршот е закажан на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 13 часот.