ДОМ ја предаде хуманитарната помош за Србија и Босна и Херцеговина

Делегација на ДОМ предеводена од претседателката Лилјана Поповска и претседателката на Форумот на жени на ДОМ Маја Морачанин, денеска во Црвениот крст на Р. Македонија ја предаде хуманитарната помош за настраданите подрачја од поплави во Р. Србија и Р. Босна и Херцеговина.

Донацијата што ја собраа членовите и симпатизерите на ДОМ се состои од околу 2 тона вода, млеко, храна, средства за хигиена и облека.