Централниот одбор на ДОМ на вчерашната седница донесе заклучок да организира хуманитарна помош за настраданите области од поплавите во Р. Србија и Р. Босна и Херцеговина.
Акцијата за собирање хуманитарна помош ќе трае до среда (21.05.2014). Сите заинтересирани можат да донираат во просториите на ДОМ (Центар, спроти поранешен Мекдоналдс).