На денешниот Централен Одбор на ДОМ беше донесен заклучок :
ДОМ да организира хуманитарна помош за настраданите области од поплави во Р.Србија, Р. Босна и Херцеговина и Р. Хрватска.
На седницата се усвои извештајот на ЦИШ во кој се заклучи дека ДОМ на изминатите избори даде значаен придонес во резултатот покажувајќи сериозен организациски капацитет.
Главна мотивација за тоа беше договорот со коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за реализација на еколошкиот пакет кој ги содржи заложбите на партијата за:
- Закон за зеленило и закон за почва кој треба да се реализираат во првите сто дена од идната влада
- Зајакната контрола на квалитетот на воздухот, водата и почвата;
- До екипирање на инспекторатите за животна средина;
- Стоп за загадувачите;
- Интегрирано управување со отпад во Р.Македонија.
ДОМ ќе ги вложи сите свои напори за одржување на политичката стабилност во државата, со надеж дека опозицијата ќе се врати во Собранието на Р.М. решавајќи ги недоразбирањата преку политички и конструктивен дијалог.
Сектор за односи со јавност на ДОМ