ДОМ дава поддршка на граѓанската иницијатива против загадувањето од Железара затоа што за тоа веќе со години и самите се залагаме. Имено на наше инсистирање беше утврден рокот 1 април 2014 како краен рок за големите загадувачи.
За жал Макстил не го испочитува и побара продолжување на рокот за 6 месеци. Ние јавно реагиравме на тоа, барајќи казни за Макстил и Југохром кои единствени од големите загадувачи не ги испочитуваа роковите, а притоа две години одбиваа средби со нас.
ДОМ јавно бараше казни за нив и побара паричните средства да бидат наменети исклучиво за подобрување на состојбите со животната средина и подигање на нови зелени површини во близина на индустриските загадувачи. ДОМ го повтори престанокот на загадувањето од големите згадувачи како услов за наше учество во идната Влада. Меѓудругото во нашите 5 договорени заложби спаѓа поставувањето целодневна контрола на квалитетот на воздухот, водата и почвата, вклучително во попладневните, вечерните часови и за време на викендите.
На денешниот протест беа присутни преставници од ДОМ, како и од Младинската организација (МОДОМ), а партискиот портпарол Тони Ристов даде изјава за медиумите.