Почитувани граѓани на Република Македонија,
Велигденот е празник на верата, надежта и на љубовта.
Да ги побараме во себе и во другиот, да подадеме рака, да помогнеме таму каде што помошта е потребна, зашто „раката што дава не се суши“. Да ги почитуваме и со љубов да се однесуваме кон воздухот што го дишеме, почвата која не храни, водата која е непоходен елемент на животот. Да ги зачуваме за нас и за нашите потомци.
Велигден е празник што го слави животот и универзалните хумани вредности.
Во тој дух, ДОМ им го честита Велигден на сите верници од православна и католичка вероисповед и на сите им посакува добро здравје, бериќет и љубов.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ