Зелен автобуски билет за зелено Скопје

Маглата и смогот ги нема но високите концентрации на загаденост на воздухот во Скопје остануваат. Затоа ДОМ ја продолжува акцијата во којаапелира до граѓаните повеќе да користат автобуски превоз како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот. ДОМ во меѓувреме ќе достави барање до Градоначалникот на Скопје и Советот на градот за воведување на повластени дневни билети од 60 денари, како и викенд семејни билети по цена од 250 денари.

Акцијата на ДОМ и Модом ќе се одвива деновиве по најфреквентните градски улици, на автобуските постојки, во самите автобуси и на крстосниците, при што членовите на Модом ќе дистрибуираат флаери со едукативна содржина за користа од возење со јавен превоз, како и налепници со симболот на зелено срце “Јас го сакам Скопје зелено”. Притоа граѓаните повторно ќе добијат бесплатни автобуски билети од ДОМ.

Мотото на оваа кампања се зборовите на Градоначалникот на Богота:Не е развиена онаа земја во која сиромашните возат автомобили туку онаа во која богатите се возат со јавен превоз.

Сектор за односи со јавност на ДОМ