ДОМ загрижен од загадувањето на воздухот во Скопје започнува со кампања „Јас се возам со автобус“ и во периодот на црвена зона ги повикува своите членови и симпатизери да го користат јавниот превоз.
ДОМ откупи автобуски карти од јавното претпријатие и ги повикува граѓаните денес и утре да ги подигнат бесплатно од партиските канцеларии.
Воедно ДОМ очекува и Градот Скопје да ја продолжи оваа мерка за да се намали загадувањето од транспортот кое што изнесува 30% и во наредните критични денови да обезбеди бесплатен јавен превоз за сите категории на граѓани.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ