Форумот на жени на ДОМ започнува со хуманитарна акција за собирање на облека,храна и пари за опжарените ромски семејства од Циглана.
Денес,делегацијата од форумот на жени заедно со претседателката г-ѓа Лилјана Поповска отиде на местото на пожарот и се сретна со преставниците од одборот за помош.
Страшната глетка на уништените домови јасно говори дека на луѓето им треба помош ВЕДНАШ затоа што им е уништено буквално се.
За таа цел ги повикуваме сите хумани членови и сипматизери на ДОМ, но и сите хумани граѓани да помогнат според своите можности.
Канцеларијата на ДОМ е отворена секојдневно од 09:00 до 21:00 часот,а информациите можат да се добијат на телефон 078/404-165 или на тел. 02 5112 900.