Лилјана Поповска во име на ДОМ како зелена партија побара од Министерот за надворешни работи, Никола Поповски, да упати нота со загриженост до Албанија во врска со намерата за уништување на сириското хемиско оружје во Елбасан.
Ова беше побарано на денешната седница на Комисијата за надворешна политика при годишното обраќање на Министерот.
Министерот Поповски информираше дека се во постојан контакт со албанските авторитети и ги следат реакциите на загриженост во регионот со целосно разбирање за тоа. На истата седница Поповска му даде недвосмислена поддршка на Министерството за главните правци на надворешната политика, а тоа се: евроатланските интеграции, отвореноста кон сите земји, како и доследност и коректност за ставовите околу спорот за името.
Сектор за односи со јавност на ДОМ