Честитка од ДОМ по повод празникот Курбан Бајрам

ДОМ срдечно им го честита празникотКурбан Бајрамна сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед.

Времето на големите верски празници е и време на добра волја, време на пружање рака на пријателство и соживот, онака како што вековната традиција на живеење на овие простори налага и докажува.

ДОМ и во оваа пригода потсетува дека само со отворено срце и без вештачки бариери можеме и мораме да живееме едни со други, а не едни покрај други, со заемна почит и уважување, зашто тоа е единствениот пат кон среќна и просперитетна иднина на сите граѓани во Република Македонија.