ДОМ со поддршка на акцијата за чистење на националните паркови

Со свое вклучување заменикот- министерот Стево Темелковски  и членови на ДОМ дадоа поддршка на целата активност, а се чистеше на фудбалските  терени во с. Маврово, на ски-патеките, по крајбрежјето на Мавровско Езеро се до црквата во вода, по течението и притоките на реката Радика и на сите излетнички места кои деновиве беа посетени од туристи.

Кампањата имаше за цел да влијае врз развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и на развивање на механизмите за подршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

И како што истакнаа заменик- министерот Темелковски овие активности се само најава на големата и масовна акција која ќе се спроведе на 6 октомври на територијата на цела Македонија и која е дел од светското движење „Lets do it world 2013“.

Во рамките на акцијате се собраа околу 2 тона смет на целата териоторија на Паркот, а со помош на ПСК Пелистер од планинарските патеки и од кај планинарскиот дом Копанки  беа симнати околу 30-тина вреќи со смет. Од село Маловиште сметот го подигна возилото на Еко-клуб.

Во НП Галичица се чистеше од ресенската и од охридската страна. Од Ресенска страна се чистеше крајбрежјето на Езерото кај Стење при што беа расчистени околу 400 м од песочната плажа и беше отстранто околу 300 м3 на отпад од извадена трска од езерото. Акцијата ја помогнаа ЈКП Пролетер од Ресен, пожарникарите од Ресен, Здравствен дом Ресен, месното население и колективниот управувач со отпад од пакување Пакомак. 

Од Охридската страна се чистеше на излетничките места Коритa и Јадера кај Св.Наум; на локации покрај патот за Велестово и покрај патот Охрид-Св Наум со активно вклучување на  ЈКП Охридски комуналец,Пакомак, НВО здружение на туристички водичи „Кеј„ – Охрид, Вработените во  Националниот парк, извидници и активисти на Ајде Македонијо!

Со акција за собирање на отпад по тридневниот Еко-грин фестивал кој викендов се одржуваше во Маврово, заокружени беа активностите од кампањата Македонија без отпад 2013 – чистење на националните паркови.