Закон за зеленило е единствено трајно решение

Проблемот со зеленилото може да се реши само институционално со донесувањето на закон за зеленило и зелен катастар. Ова е единствениот траен начин да се заштити постоечкото зеленило и да се се зголеми неговата површина.

Јавноста е запознаена, дека комисијата за животна средина на ДОМ во соработка со експерти од оваа област во изминатата година го подготвуваше предлог-законот за зеленило, според примерите од Германија и Австрија. Тој беше изготвен во јуни и за него започнаа стручни расправи со претставници од Град Скопје и скопските општини. Се очекува по прецизирањето на одредни прашања и по отворена јавна расправа од сите субјекти во општеството, да влезе во собраниска процедура во септември. Се очекува поддршка од сите пратеници во Собранието.

Во меѓувреме праќаме силен апел до сите надлежни институции и инвеститори сериозно да го земат во предвид зеленилото како заштита за здравјето на граѓаните на Скопје и врз животната средина во урбаното јадро на градот.