За нас од ДОМ нема дилема – за да биде успешен проектот, економијата и екологијата мора да бидат ускладени! – рече женскиот портпарол на ДОМ Маја Морачанин.
Најавениот проект за изградба на туристички комплекс на брегот на Охридското Езеро побуди голем интерес во јавноста и секој го коментира од своја гледна точка. Тоа е сосем разбирливо, имајќи ја предвид тежината на инвестицијата што се најавува, што сама по себе е несомнено многу значајна за земјава, од аспект на развој на туризмот и нови вработувања.
Има и друг пристап, кој тргнува од раскошната убавина на Охридското Езеро и скапоценоста на историското и духовното наследство што Охрид го направија заштитен град на УНЕСКО, а Езерото и крајбрежието заштитена природна вредност.
За нас од ДОМ нема дилема – за да биде успешен проектот, економијата и екологијата мора да бидат ускладени! – рече женскиот портпарол на ДОМ Маја Морачанин.
За ДОМ како зелена партија најважни се еколошките аспекти на проектот во Љубаништа. Тоа е интерес и на многу наши граѓани и затоа предлагаме јавна дискусија, со учество на државните институции и стручната јавност, околу 5 прашања за туристичкиот комплекс:
- На колкава површина, со кои граници и на колкава должина на брегот ќе се протега?
- За колкав број туристи се планира и што би значело тоа како густина на население во еден момент, во однос на користењето на езерскиот брег и терените околу него?
- Со која сообраќајна инфраструктура и средства тие туристи ќе пристигнат таму?
- Колку чиста вода ќе биде потребна дневно и од каде ќе се обезбеди?
- Колку отпад и отпадни води ќе се произведуваат дневно и каде ќе се одведуваат?
Има уште многу еколошки прашања, но ДОМ започнува со најважните, за да ја насочиме дискусијата во конструктивна насока, со користење стручни аргументи, ослободени од политизирање – изјави машкиот портпарол Тони Ристов.
ДОМ верува дека сите сакаме економски развој на земјата, но и заштитена животната средина. Обединување на овие две цели е можно само преку примена на европски еколошки стандарди. Законите во најголем дел веќе ги имаме – останува нашите институции доследно да ги применат!
Со почит,
Сектор за односи со јавност