Мора да престане загадувањето од Железара

Кој загадува? Зошто не се почитуваат еколошките стандарди? Зошто инспекторатите за животна средина не инсистираат на тоа? Зошто се случува тоа секогаш рано наутро и доцна навечер?

По последните поплаки на граѓаните во врска со испуштањето на облаци од чад кои потекнуваат од кругот на Железарницата, што може да се забележи и со голо око во раните утрински и доцните вечерни часови, експлозија од прав и гасови кои го трујат населението во: Гази Баба, Ченто, Автокоманда, Бутел 1 и 2 и пошироко, ДОМ како зелена партија инсистира повторно да се зборува отворено за овој проблем. Кој загадува? Зошто не се почитуваат еколошките стандарди? Зошто инспекторатите за животна средина не инсистираат на тоа? Зошто се случува тоа секогаш рано наутро и доцна навечер?

Во прилог, како доказ ги даваме снимките кои нашите активисти ги обезбедија во изминативе неколку дена.

Заради тоа, ДОМ инсистира да се спроведе законот за животна средина според кој сите фирми треба до април 2014 да се прилагодат на европските еколошки стандарди, односно институциите да не ги земаат предвид барањата на фирмите за одложување на роковите за уште 5 год. затоа што сите загадувачки материи кои потекнуваат од нивното работење ја уништуваат и животната средина и здравјето на луѓето што е евиденто од енормниот пораст на малигните и други видови на тешки заболувања.

За ДОМ неприфатливи се барањата на маталургиските комбинати, затоа што во изминатиот период имаше историски највисоки цени на металите а тие несакаа да одвојат макс. до 1% од својот профит за здравјето на вработените и околното население. Тоа значи дека фирмите треба да вложат во спроведување на предвидените оперативни планови, што ќе значи зголемен нето еколошки придонес и за вработените и за околното население, и да престанат да ги уценуваат институциите преку бројот на вработени кај нив.

Наш следен чекор е интензивирање и поголема мобилизација на инспекциските служби и изрекување глоба за оние кои неодговорно се однесуваат кон средината во која живееме и работиме.

Ќе инсистираме да се доопремат инспекторатите со квалитетен и стручен кадар, да се доопреми лабораторијата во МЖСПП, се со цел да да се имаат меродавни податоци, и да се зголеми бројот на мерни станици за следење на квалитетот на воздухот, водата и почвата.

Како што почнавме со редовни опомени и следења на најголемите загадувачи, ДОМ продолжува и понатаму да биде дежурна еко-патрола.

Пресот го одржа проф. Златко Јордановски  дипл. Хемиски инжинер