ДОМ го осудува сечењето дрвја кај Бристол што се случи денеска, во правен вакум помеѓу заминувањето на старата и доаѓањето на новата локална власт во Центар. Локалната администрација постапи самоволно и си зеде право да биде над власта и над граѓаните што ја избрале. Мора да се почитува процедурата и вољата на граѓаните кои го бранат зеленилото како услов за почист воздух, поради што тој случај е даден и на Уставен суд.
Претставници на ДОМ денеска беа на местото на настанот на барање на станарите, со интервенција да се спречи сечењето. Дел од дрвјата се спасени, но тоа не е траен начин на решавање.
Вистински и траен начин за спас на скопското зеленило е негова институционална заштита преку Закон за зеленило, со определување минимум зеленило по жител и изработка на Зелен катастар. ДОМ го подготви Законот во соработка со Градот Скопје и тој е пред влез во собраниска процедура.