Скопје, Хиподром – 18 март 2013.
Денес во раните утрински часови во населбата Хиподром беше спречен нов масакар на зеленилото во општина Гази Баба, благодарение нашата членка и кандидат за советник од редовите на ДОМ Гајане Стојановска Горша.
Рано изутрина била испратена екипа за да изврши сечење на три липи во населеното место Хиподром, во зградите кај последна 50-ка. Наводната причина за сечењето била дека корењата на дрвата „можат да наштетат на канализационата мрежа“. Гајане Стојановска Горша на сопствена иницијатива и со помош на неколкумина состанари успеале да ја спречат екипата, а во таа прилика собрале и потписи за да ги заштитат липите.
Стеблата на овие липи се стари околу 25 години и претставуваат единствен зелен пејсаж и заштитник од прашината на жителите од оваа зграда.