Промоција на Зелената Програма на ДОМ за Локалните избори 2013 и Изборна конвенција на носителите на зелените советнички листи

Промоција на Зелената Програма на ДОМ за Локалните избори 2013 и Изборна конвенција на носителите на зелените советнички листи.

ДОМ денес ја промовираше својата Зелена програма за локалните избори 2013, а воедно и ја имаше својата изборна конвенција со носителите на листи од 42 општини ширум Македонија.

Повеќе од две години ја градевме нашата програма, заедно со стотици стручни луѓе од академските кругови и стопанството, како и активисти од невладиниот сектор. Таков е и профилот на нашите советници – тука среќавате посветени членови на ДОМ, но и непартиски луѓе, посветени на зелената идеја. Сите нив ги поврзува љубовта кон Македонија, гордоста на својата идеолошка определба и упорноста за добри цели – рече Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

ДОМ е на првата линија од фронтот за здрава животна средина, против бизниси и практики што ја загрозуваат и неа и здравјето на луѓето. Ниедно вработување не вреди ако ги разболува луѓето! ДОМ инсистира на  зелени вработувања и зелена економија, одржлив развој, обновливи извори на енергија, производство на здрава храна и еко-туризам!

Ова се нашите заложби. Ако на почетокот беа малку оние што ја разбираа и поддржуваа зелената опција, времето и настаните направија сите да поминеме низ експресно еколошко освестување. Посебно кога преку ноќ ќе ти никне зграда во дворот и ќе останеш без паркинг, парк и поглед. Или кога дете ќе ти добие алергија од фабричкиот оџак без филтер. Или кога ќе ти дојде висока сметка за струја во новата штотуку изградена куќа – дополни Поповска во своето излагање пред присутните.

Програмата за зелени општини на ДОМ се базира врз Платформата за зелени општини, промовирана лани, на нашиот 6-ти роденден. Ви нудиме солидна  конструкција, дом, со четири приоритети:

  • ПРВ ПРИОРИТЕТ: Зелени општини за здрав живот (општини по мерка на човекот, со ефикасна заштита на животната средина, зелени градови, образование, култура и применета наука во општините);
  • ВТОР ПРИОРИТЕТ: Зелена економија со зелени работни места (преку туризам, обновливи енергии, енергетска ефикасност и еко-земјоделие );
  • ТРЕТ ПРИОРИТЕТ: Социјална правда и еднакви можности за сите, за мажи и жени (преку борба со сиромаштијата, дискриминацијата и предрасудите, економско јакнење на жените, грижа за младите, пристап за сите секаде, општествена интеграција за сите со различна етничка, верска, политичка и сексуална определба);
  • ЧЕТВРТИ ПРИОРИТЕТ: Толеранција, разум и соработка (како наш политички пристап и метод на делување, како основа за развој на демократијата).

Од името на кандидатите од зелените зоветнички листи пред присутните се обратија носителот на листата за Град Скопје проф. д-р Денко Скаловски, од Центар проф. д-р Бети Дејанова, од Демир Капија потрпретседателот на ДОМ Јордан Трајков, Од Карпош Александар Анѓушев, како и Претседателката на Форумот на Жени на ДОМ д-р Маја Морачанин, проф. Д-р Антони Новотни

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ