Веруваме во моќта на дијалогот и ненасилството и бараме спојни точки со другиот, различниот. Сите сме сограѓани и треба да се почитуваме како луѓе, независно од разликите. Mладиte луѓе се нашата иднина. Да ги научиме на толеранција, да ги ослободиме од нашите предрасуди и стереотипи! Им го должиме тоа!
Деновиве сме сведоци на трагични настани. Ни се случува меѓунационална омраза и гнев, уништување на јавни добра. ДОМ повикува на толеранција, разум и соработка помеѓу граѓаните, религиите, партиите – изјави претседателката на ДОМ Лилјана Поповска на прес конференцијата.
Повод за немилите настани е сегашен настан, но причината лежи подлабоко, 12 години наназад во конфликтот од 2001. Треба да бидеме свесни дека и тогаш, па веројатно и во иднина, ќе се разликуваме во оценките на причините и последиците од конфликотот, но она што не спојува е сегашноста и иднината.
Веруваме во моќта на дијалогот и ненасилството и бараме спојни точки со другиот, различниот. Сите сме сограѓани и треба да се почитуваме како луѓе, независно од разликите.
ДОМ се залага за посебна грижа при воспотувањето на младите, во семејството, на училиште, во средината каде живеат. Затоа што тие млади луѓе се нашата иднина, во буквална смисла. Да ги научиме на толеранција, да ги ослободиме од нашите предрасуди и стереотипи! Им го должиме тоа! – заврши Поповска.
Овие настани не треба да се врзуваат со она што го имавме како криза од декември минатата година. Очигледно е дека има некои вртлози во нашиот политички и општествен живот кои се пополнуваат на овој начин. Вистина е дека тие настани не се директно врзани со некоја партија, ниту пак партиски и коалициски можат да се разрешат – рече проф. д-р Димитар Мирчев.
Целосно се согласувам со претседателката Поповска, дека се работи за криза во целиот систем и образовен и воспитен и улогата на семејството, на религиите и недостаток на дијалог Можеме и мораме да очекуваме еден поголем степен на толеранција и разум. Се надеваме дека ова ќе биде едно предупредување, за посериозно да се седне на дијалог на сите фактори.
Македонија важи за земја која го промовира дијалогот на религиите и цивилизациите. Ни престои Третата Светска конференција во Охрид. На регионален план претседаваме со процесот на соработка во Југоисточна Европа и од нас се очекува и внатрешна стабилност на земјата. ДОМ се залага брзо да се најдат долгорочни решенија на база на дијалог и толеранција за соживот овде во Македонија – изјави проф. д-р Мирчев.