Централниот одбор потврди, одиме самостојно

Во изјава за медиумите претседателката на ДОМ г-ѓа. Лилјана Поповска истакна:

Централниот  одбор на ДОМ ја потврди одлуката на Извршниот Одбор за самостоен настап на локалните избори 2013 год. На советнички листи ќе настапиме самостојно со советнички листи на ДОМ.  Листата за градоначалници ќе ја подржиме коалиционо.

Со колегите од ВМРО –ДПМНЕ сме задоволни што постигнавме согласност околу тоа. Веруваме дека ова ќе биде најдобар начин за промоција на зелената опција и од друга страна ова ќе биде наша можност за понатамошно приближување до Европските зелени партии. Она што ќе биде карактеристично за нас ќе биде една максимално позитивна кампања со промоција на нашата зелена програма. Тоа се работи од секојдневниот живот, кои што секаде ни пречат. Оние кои што треба да се поправат. Треба да се внесат зелените аспекти на политиката во сите сфери од живеењето. Од  друга страна веројатно ќе бидеме карактеристични по бројот на жени кандидатки за советнички, учеснички на листите на ДОМ. Ќе настапиме со позитивна кампања, ќе се обидеме да промовираме една позитивна политичка култура на толеранција, разум и одмереност.

ДОМ ќе има околу 40 советнички листи.Традиционално коалициски ќе настапиме во неколку општини каде што тоа е неопходно, како во Чаир, Гостивар, Кичево и други.

За градоначалничка позиција дополнително ќе се договориме со колегите.

Со почит,

Сектор за односи со јавност