ДОМ самостојно на Локални избори 2013

ДОМ на претстојните локални избори ќе настапи самостојно со советнички листи во 40-тина општини во Република Македонија и во Градот Скопје, а коалиционо за градоначалници. Ова е одлуката на Извршниот одбор на партијата од пред една недела, која очекуваме да биде потврдена на утрешната седница на Централниот одбор.

ДОМ на претстојните локални избори ќе настапи самостојно со советнички листи во 40-тина општини во Република Македонија и во Градот Скопје, а коалиционо за градоначалници. Ова е одлуката на Извршниот одбор на партијата од пред една недела, која очекуваме да биде потврдена на утрешната седница на Централниот одбор.

Како што е познато во јавноста, ДОМ веќе две години најавуваше самостоен настап на советничките листи на локални избори и задоволни сме што постигнавме согласност со ВМРО-ДПМНЕ за овој пристап. Ние и понатаму остануваме коректен партнер во владеачката коалицијата, посветен на политиките и проектите за развој на Македонија во модерна европска и демократска земја.

Нашата одлука за самостојни советнички листи е донесена поради потребата од посилна промоција на зелените политики и потребата од одржливи зелени решенија во сите сфери на општествениот живот во локалните заедници, како и заради понатамошно приближување кон Европската Зелена Партија.

Изборната кампања што ќе ја води ДОМ ќе биде позитивна и ќе промовира политичка култура на толеранција, разум и одмереност. Сакаме да покажеме дека на политичката сцена трпеливо работи политички субјект со автентична програма, ни лево ни десно, ни црно, ни бело, туку зелено.

На граѓаните на Република Македонија ќе им понудиме ЗЕЛЕНА програма базирана на „Платформата за зелени општини“ која ДОМ ја претстави пред една година. Приоритетни се 9 (девет) столбови: Демократија и човекови права; Ефикасна заштита на животната средина; Зелена економија со зелени работни места; Еко-земјоделие; Еко-туризам; Обновливи енергии и енергетска ефикасност; Зелени градови; Социјална правда и еднакви можности; Образование, наука и култура.

Она што ќе биде карактеристика за листите на ДОМ ќе биде и големата застапеност на жени како кандидатки и носителки на листите, зашто родовата рамноправност ни е во приоритетите.

Интегрален текст од прес конференцијата на која зборуваше портпаролот на ДОМ Тони Ристов