Честитка од ДОМ до градоначалникот Коце Трајановски и Град Скопје за зелената инвестиција

ДОМ го поздравува постигнатиот договор за заедничко вложување на Град Скопје и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ амбиенте“ од Рим за модернизирање на депонијата на „Дрисла“ и изградба на фабрика за рециклирање на отпадот.

ДОМ го поздравува постигнатиот договор за заедничко вложување на Град Скопје и италијанскиот конзорциум „ФЦЛ амбиенте“ од Рим за модернизирање на депонијата на „Дрисла“ и изградба на фабрика за рециклирање на отпадот, што вчера го официјализираа градоначалникот Коце Трајановски и претставникот од менаџментот на италијанскиот партнер.

Од ДОМ изразуваме задоволство поради фактот што со овој договор Град Скопје и Македонија полека ја воведуваат зелената економија во индустријата и енергетиката, а со самото тоа се отвараат нови можности за инвестиции во зелената економија и нови зелени вработувања, за што ДОМ веќе неколку години наназад се залага и преку своите политики активно работи на нивно имплементирање.

Сметаме дека со реализацијата на овој проект  Градот Скопје добива многу. Пред се ќе се намали количеството на отпад во градот, ќе се збогатат енергетските капацитети на земјата, со обезбедувањето на толинска енергија ќе се заштедат ресурси, ќе се добие ефективно менаџирање на отпадот и добивање нов производ.

Co почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ