Како што истакна Дечев, тие имаат за цел да се понуди заедничка зелена програма каде што ќе дојде до израз можноста промоција на зелените можности, зелената економија, вработувањето.
Извршниот одбор на ОО на ДОМ Велес одржа работна средба во Велес и донесе неколку одлуки во поглед на сопственото настапување на ДОМ со зелена листа во Велес составена од членовите на општинската организација а во соработка за отворена можност за допринос на граѓаните и невладиниот сектор, информира Стевче Дечев, претседател на ОО на ДОМ во Велес. Како што истакна Дечев, тие имаат за цел да се понуди заедничка зелена програма каде што ќе дојде до израз можноста промоција на зелените можности, зелената економија, вработувањето.
Ние како политичка партија ја заокружуваме изборната зелена програма со која ќе настапиме на претстојните локални избори истакна претседателката на ДОМ Лијлана Поповска. Ние секогаш излегуваме со своја програма без оглед на тоа дали сме во коалиција или самостојно. Поповска потенцираше дека би било добро на локалните избори ДОМ да оди со поддршка на коалициони кандидати за градоначалници, а со самостојни советнички листи. Поповска истакна дека се во разговори со ВМРО ДПМНЕ, нема конечни решенија но секоја општинска организација се подготвува. Лилјана Поповска е задоволна од досега сработеното затоа што во изминатите неколку години успеале да се донесат практично сите закони од заштита на животната средина и стратегии за да почне нивната примена. Стевче Дечев истакна дека ДОМ ќе излезе со сопствена листа на локалните избори за што ја бараат поддршката на велешани, а наскоро партијата ќе има и свои простории кои што ќе бидат достапни за понуда на секоја нова иницијатива.