По покана на европратеничката Мараја Корнелисен од парламентарната група на Зелените, Поповска учествува на регионалната тркалезна маса „Женските права на Западен Балкан во контекст на пристапувањето кон Европската Унија“, од која треба да произлезат препораки за Резолуција од Европскиот Парламент.
Пратеничката Лилјана Поповска е учесник на тркалезната маса „Женските права на Западен Балкан во контекст на пристапувањето кон Европската Унија“, во Сараево, Босна и Херцеговина. Поповска на оваа дебата учествува на покана од европратеничката Мараја Корнелисен, од парламентарната група на Зелените во Европскиот Парламент.
Оваа регионална тркалезна маса, европратеничката Корнелисен ја организира со цел ова прашање да се подигне во Комитетот за правата на жените и родовата еднаквост. Учесниците ќе дебатираат за критериумите на ЕУ во сферата на женските права и родовата еднаквост, имплементација на механизмите за подобрување на женските права на Западен Балкан, ефектите од сегашните механизми. Од оваа дебата треба да произлезат препораки за Резолуција од Европскиот Парламент и истата ќе биде доставена до националните влади и парламенти на земјите-членки..
Поповска како Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во оваа фаза ќе даде осврт на моменталната ситуација на правата на жените во Република Македонија во однос на постоечкото законодавство, еднаквите можности, недискриминацијата, вработувањето и образованието.