ДОМ го осудува вандалскиот напад врз ЛГБТ центарот во Старата скопска чаршија

ДОМ реагира по повод вандалскиот напад на отворениот Центар за поддршка на лицата од ЛГБТ заедницата во Старата чаршија. Говорот на омраза само ги заострува проблемите и најостро го осудуваме агресивното и вандалско однесување како најпримитивен начин на изразување на хомофобијата. Луѓето во Македонија секогаш биле толерантни кон припадниците на различни групи по верска и по етничка основа, затоа е потребно достоинствено и човечко однесување и кон припадниците на ЛГБТ заедницата.

ДОМ остро реагира по повод информацијата за вандалскиот напад на штотуку отворениот Центар за поддршка на лицата од ЛГБТ заедницата во Старата чаршија и апелираме на разум и толеранција кон секој што е различен по било кој основ, па и по основ на сексуалната ориентација.

ДОМ потсетува дека говорот на омраза само ги заострува проблемите и најостро го осудува агресивното и вандалско однесување како најпримитивен начин на изразување на хомофобијата која во последно време се шири во нашево општество.

Сметаме дека луѓето во Македонија кои секогаш биле толерантни кон припадниците на различни групи по верска и по етничка основа можат и треба достоинствено да ги третираат и припадниците на ЛГБТ заедницата. Тоа се луѓе кои живеат тука покрај нас и со нас, луѓе со еднаква потреба за љубов и разбирање како и останатите, а правото на љубов не треба и не смее да биде ускратено или оспорено никому.

ДОМ ги почитува човековите права на сите без исклучок. Затоа, апелираме на зачувување на човековото достоинство и почитување на основните човекови права во кои спаѓа и правото на сексуална ориентација. Повикуваме на смирување на страстите и решавање на горливите прашања во нашето општество со разум и низ дијалог.

*Фотографијата во статијата е аматерска и е испратена од читател