Трката за престиж го доведе во опасност животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Денеска се евакуирани само десетина семејства, утре може да бидат илјадници, а можни се и големи човечки жртви. Кој ќе ја сноси одговорноста?
Уривањето на потпорниот ѕид на Водно, лизгањето на земјиштето и евакуацијата на станарите, го вклучи црвениот аларм за запирање на неконтролираната урбанизацијата на Водно.
Од ДОМ со жалење можеме да констатираме дека апелите и алармите кои веќе неколку години наназад ги упатуваме за состојбите на Водно, не наидоа на разбирање кај институциите и инвеститорите. Само да потсетиме на што предупредувавме: запирање на сечењето на шумите, запирање на плановите за изградба на јужната обиколница, алармите за можни свлечишта.
Трката за престиж го доведе во опасност животот, здравјето и безбедноста на луѓето. Денеска се евакуирани само десетина семејства, утре може да бидат илјадници, а можни се и големи човечки жртви. Кој ќе ја сноси одговорноста?
Се покажа дека со ароганцијата на капиталот не може да се потчини природата. Нејзиниот удар може да биде многу силен и безмилосен. Крајно време е да запреме и да почнеме да ги почитуваме природните законитости.
Затоа од ДОМ повикуваме на:
- Итно стопирање на носењето на спорните Урбанистички планови.
- Итно да се преиспитаат дадените дозволи за градба на сите објекти кои се наоѓаат на падините на Водно.
- Да запрат сите активности во процесот на градба на објектите кои не ги исполнуваат стандардите и не се соодветни со конфигурацијата на теренот.
- Итно да се преземат активности за санирање на нарушените простори на Водно и повторно пошумување на истите.
- Конечно да се постави горната граница на урбанизацијата на планината, за општо добро на сите граѓани на Скопје.