Сведоци сме дека во Македонија повторно се распламтува жестока меѓупартиска борба, во која предмет на дискусии и кавга е името на нашата земја. Слушаме ладнокрвни јавни предлози за наше преименување, небаре се работи за брендирање на конзерва! – изјави на прес конференцијата портпаролот Тони Ристов.
Сведоци сме дека во Македонија повторно се распламтува жестока меѓупартиска борба, во која предмет на дискусии и кавга е името на нашата земја. Слушаме ладнокрвни јавни предлози за наше преименување, небаре се работи за брендирање на конзерва! – изјави на прес конференцијата портпаролот Тони Ристов.
ДОМ е против јавни лицитации со името на нашата земја и смета дека тие се непристојни! Повикуваме на воздржаност од сите политички актери во Македонија, било да се партии или поединци. Премногу е болно, апсурдно и сериозно ова прашање, за да може да си дозволиме негова ноншалантна злоупотреба за дневнополитички цели.
ДОМ е загрижен што некои луѓе, главно од опозицијата, многу лесно посегаат по прашањето за името, кое е нашиот свет грал, нашата основа за постоење како држава, народ, јазик и култура. Убедени сме дека има доволно други теми за кои е потребна критичка јавна расправа, преку кои ќе се понудат соодветни решенија за подобрување на состојбите во и надвор од земјата. Името не е таа тема!
Вакви слични изјави и ситуации во последниве неколку години силно и наштетија на преговарачката позиција на Македонија, истовремено збунувајќи ги нашите граѓани и правејќи расцеп во националното ткиво по најважното стратешко прашање за земјата – рече Ристов.
Предлагаме да го оставиме овој немил спор што ни го наметна Грција да го решаваат оние, кои за тоа имаат мандат – претседателот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи. Сите останати да помогнеме и преку позитивно лобирање и разбирање на состојбите кај наши пријатели и познаници во светот да го затвориме ова прашање.
Притоа, треба сосем отворено да застанеме на патот на она што и се случува на нашата мирољубива земја – обид за уништување на земјата и обезличување на народот, со крајна цел промена на политичката карта на Балканот! Ова е само последна фаза од стогодишната великодржавна стратегија на одредени држави, спроведувана доследно и ефикасно, со сите средства, во војна и во мир!
Живееме во време на големи тектонски поместувања во политиката и потребно ни е сето знаење, тактичност и она без што не се може – граѓанска сплотеност и толеранција, за да го извлечеме нашиот брод од немирните води и да ја одблокираме земјата од оковот на уцените, овозможувајќи и да дише и да се развива со цел капацитет.