ДОМ поднесува закони за градски архитект

Во име на ДОМ како зелена партија, поднесувам 2  закона со кои се внесуваат поимите градски архитект и градски совет на архитекти, за градот Скопје и за уште 13 наши градови со над 30.000 жители. Со ова архитектите ќе го добијат важното место во општеството, во интерес на сите нас како граѓани и во интерес на нашата животна средина.

Предлагаме измени и дополнувања во Законот за Град Скопје и во Законот за локална самоуправа, каде ги дефинираме поимите, надлежностите и начинот на избор. Важно е дека градски архитект се избира од предлозите на 3-те професионални организации на архитекти, при што сите предложени кандидати стануваат членови на Советот на архитекти. Со ова ќе се испочитува вољата на еснафот и ќе се обезбеди стручност во работата.

ДОМ веќе имаше поднесено слични измени минатата година, но поради предвремените парламентарни избори, законот не дојде на дневен ред. Годинава ја повторивме постапката, со широка јавна дебата со стручната јавност и работна група од претставници на професионални асоцијации на архитекти, заедно со членови од Комисијата за урбанизам и градежништво на ДОМ.

Градскиот архитект и градскиот совет на архитекти ќе се грижат за обезбедување одржлив и хармоничен урбан развој на градот Скопје како единствена просторна и функционална целина, во насока на квалитетно живеење и заштита на животната средина. Дополнително, тие ќе го промовираат концептот на одржливост и енергетска ефикасност при планирањето, проектирањето, изградбата и одржувањето на објектите и инфраструктурата во градот, истовремено креирајќи јавна свест за убавото и функционалното.  Во Скопје посебно изостанува одржлив и рамномерен плански развој на десетте општини што го сочинуваат градот. Како резултат се јавува фрагментација на градското ткиво, делумна функционалност, како и недоволно стилизирано естетско обликување на градските блокови.

Веруваме дека со враќање на овие функции во организацијата на градот Скопје (избришани во измената на Законот од 2004 година), ќе добиеме подобри урбанистички решенија, во склад со современите естетски, еколошки и социјално одржливи стандарди за проектирање и градба, кои водат кон зелени и паметни градови (green cities, smart cities).

Ова стручно тело во градот Скопје ќе има директен контакт со локалната администрација, владините и невладините организации, планерите, проектантите, приватните претприемачи и пошироката јавност, со што сериозно ќе придонесе да се сочува духот на градот и да се одговори на соодветен начин на предизвиците на современата архитектура.

Градскиот архитект треба да има капацитет да го промени курсот на урбаниот развој преку втемелување на одржлива и социјално освестена визија. Градскиот архитект треба да формира прифатлива и остварлива естетика на градот која ќе се базира на традицијата, но и на современите достигнувања во архитектурата. Исто така, градскиот архитект мора да има слух за јавноста, за што организира и спроведува научни и стручни советувања, конференции и јавни расправи.

Истово се однесува и за другите наши градови.

Интегрален текст од прес конференцијата на која говореше Лилјана Поповска.